Украинскиот претседател, Петро Порошенко, е разочаран од решението на француските власти да не го раскинуваат договорот со Русија околу програмата за испорака на носачите на хеликоптери „Мистрал“.
„Ние сме разочарани од решението на Франција за продолжување на соработката со Русија околу програмата за испорака на бродовите „Мистрал“. Овде не се во прашање вредности, туку пари“, напиша претседателот на својот Твитер.
Претходно претседателот на Франција, Франсоа Оланд, изјави дека испораката на вториот „Мистрал“ ќе зависи од позицијата на Русија околу Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче