Странските инвеститори се заинтересирани да соработуваат со руските компании, но се обеспокоени поради воведените санкции кои создаваат опасен преседан во светот. Ова мислење го искажа шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, а пренесува РИА „Новости“.
„3,6 трилиони долари инвестиции дојдоа во Санкт Петербург на Петербуршкиот меѓународен економски форум, и инвеститорите кажуваат дека се против санкциите, бидејќи во нив гледаат опасен преседан за нивните сопствени држави и економии“, изјави тој за време на средбата со претседателот Владимир Путин. Според неговите зборови, сите долгорочни инвеститори се против санкциите.
Дмитриев забележа дека во минатата година Русија го зазела едно од првите места според привлекување на странски инвестиции, „скокнувајќи од осмото на третото место за една година“. Русија привлекла 97 милијарди долари, со што се нашла само зад САД и Канада.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче