Руски филм ќе биде прикажан на филмски фестивал во Торонто

Филмот „Грабеж на американски начин“ од Сарик Андреасјан, стана првиот руски филм кој влезе во основниот конкурс на фестивалот во Торонто, пишува РИА „Новости“, повикувајќи се на соопштение од компанијата Enjoy Movies.

„Грабеж на американски начин“ е приказна за двајца браќа кои го планираат „грабежот на векот“. Филмот чини 8 милиони долари и е снимен во 2013 година во Њу Орлеанс. Главните улоги во филмот ги толкуваат Адријан Броуди, Хајден Кристенсен и Џордано Брустер.

39-от меѓународен фестивал на филмот се одржува во Торонто од 4-ти до 14-ти септември 2014 година. Како што пренесува The Guardian, во програмата на филмскиот фестивал ќе  има околу триесет премиери. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња