Русија би можела во целост да го прекине увозот на храна од Украина за време на нејзините преговори за интеграција со ЕУ. Ова го изјави помошникот раководител на Роселхознадзор, Алескеј Алексеенко.
Украина на 27 јуни го потпиша договорот за приклучување кон ЕУ, со кој се предвидува создавање зони за слободна трговија. На трилатералниот состанок во јули, во кој учествуваше Русија,, Европската комисија призна дека реализацијата на договорот може да ѝ донесе штета на економијата на Русија.
Според зборовите на Алексеенко, руската страна веќе ѝ предложи на украинската да водат преговори за низа прашања поврзани со приклучувањето на Украина кон ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче