Русија ќе ги прекине консултациите ако дојде до ратификација на договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Киев

Во случај да дојде до ратификација на документот за асоцијација меѓу ЕУ и Украина, Русија ќе смета дека нема повеќе обврски околу консултациите и ќе започне да спроведува економска политика насочена кон заштита и развој на внатрешниот руски пазар, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на министерот за економија на Русија, Алексеј Уљукаев.

„Денес ги прочитав исказите на мојот почитуван колега – министерот за надворешни работи на Украина – дека предмет на нашите консултации не е содржината и текстот на договорот. Предмет на консултациите е имено содржината и текстот на договорот. Имено околу тоа ние испративме соодветна информација на нашиот колега во која бараме одговор околу содержината на договорот“, изјави Уљукаев.

Претходно беше соопштено дека во Украина се подготвува национална програма за имплементација на асоцијацијата со ЕУ. Русија очекува компликации во трговско-економските односи со Украина поради потпишувањето на договорот меѓу Украина и ЕУ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња