Путин: Русија нема да тргне по патот на репресиите

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека борбата со радикализмот во Русија нема да биде искористена за воведување репресии.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека борбата со радикализмот во Русија нема да биде искористена за воведување репресии.

Тој нагласи дека кон Русија се почесто се обраќаат со јазикот на санкциите, меѓутоа, Москва смета дека проблемите треба да се решаваат по пат на дијалог.

Претседателот верува дека денес се брише самиот поим за државен суверенитет, за непожелни режими, земји кои спроведуваат независна политика или кои стојат на патот на нечии интереси, се појавуваат државни удари во нив, најчесто предизвикани и финансирани однадвор.

Според неговите зборови, акцентот често се става на радикалните, националистичките, неофашистичките, фундаменталистичките сили. Како пример тој ги наведе земјите од постсоветскиот простор и Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.