Путин најави адекватен одговор на приближувањето на НАТО кон руските граници

Претседателот на Русија, Владимир Путин, укажа дека трупањето на НАТО трупите во Источна Европа ќе предизвика соодветен одговор од страна на Русија.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, укажа дека трупањето на НАТО трупите во Источна Европа ќе предизвика соодветен одговор од страна на Русија. Ова шефот на државата го изјави на седницата на Советот за безбедност, посветен на прашањата за суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.

Тој нагласи дека поради активирањето на НАТО во близината на Русија, земјата ќе мора да ја зголеми одбранбената способност, меѓу другото, и на Крим и Севастопољ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња