Медведев: Русија ќе ги поддржи украинските бегалци

Рускиот премиер, Дмитриј Медведев, изјави на седницата посветена на бегалците дека Русија ќе издвои 4,9 милијарди рубљи за бегалците (околу 142 милиони долари).

Рускиот премиер, Дмитриј Медведев, изјави на седницата посветена на бегалците дека Русија ќе издвои 4,9 милијарди рубљи за бегалците (околу 142 милиони долари).

Исто така, тој нагласи дека бегалците од Украина можат да сметаат на еднократна финансиска помош од руските власти. „Се надевам дека тоа ќе им помогне на луѓето да ги надминат искушенијата“, изјави премиерот.

Медведев додаде дека главната задача сега е пружање максимална помош на оние кои најмногу им треба, особено на децата, старците и инвалидите. Премиерот напомна дека во Русија се отворени околу 400 центри за привремено сместување. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња