Санкциите против Русија, воведени од САД и ЕУ, се причина за последици кај секоја четврта извозна компанија на Германија. Ова го пишува Rheinische Post, повикувајќи се на зборовите на раководителот на федералната трговско-индустриска комора на Германија, Фолкер Траер.
„Од санкциите настрада речиси секоја четврта германска компанија која работи во странство“, соопшти Траер.
Според неговите зборови, најмногу проблеми имаат фирмите кои тргуваат со Русија и САД, бидејќи со втората се проверуваат сите дејности поради воведените мерки. „Германските фирми кои соработуваат со рускиот и американскиот бизнис треба да поминат низ проверка на своите деловни односи поради разликите во санкциите меѓу САД и ЕУ“, додаде Траер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче