На конференцијата за новинарите во Москва, која се одржа во текот на вчерашниот ден, началникот на Главниот оперативен штаб на ВС на Русија, генерал-поручник Андрерј Картаполов - изјави дека Русија не им предала на украинските сили за самоодбрана ниту оружје, ниту ракети „Бук“. Според една од верзиите, малезискиот авион е соборен имено од ракета „Бук“.
Караполов исто така изјави дека сите податоци кои Русија ги собра ден пред катастрофата ќе ги предаде на меѓународните експерти. Русија поседува и снимки од вселената на кои може да се види каде биле поставени украинските средства за противвоздушна одбрана, односно ракетите „Бук“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.