Русија ќе му продаде на Иран С-300 како одговор на санкциите од САД

Обновувањето на руско-иранскиот договор за испорака на системи за ПВО С-300 на Техеран може да стане реалност и одговор на санкциите кои САД ги воведуваат против руските претпријатија.

Обновувањето на руско-иранскиот договор за испорака на системи за ПВО С-300 на Техеран може да стане реалност и одговор на санкциите кои САД ги воведуваат против руските претпријатија.

„Нашите претставници во Министерството за одбрана повеќепати преговараа со своите партнери во Русија. Сметам дека може да го добиеме С-300 или дури некои од посовремените системи. Решавањето на ова прашање е во тек“, изјави амбасадорот на Иран во Русија, Мехди Санаи за агенцијата „Интерфакс“.

Дипломатот потсети дека „Иран смета дека договорот за С-300 уште важи, бидејќи санкциите кои се воведени врз основа на резолуцијата на СБ на ООН бр. 1929 не се однесуваат на договорот за набавка на С-300. Договорот е потпишан пред воведувањето на санкциите и во него се наведува дека овој систем има одбранбена, а не офанзивна намена“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња