Франција нема да оди на поништување на договорот за испорака на носачите на хеликоптери „Мистрал“ на Русија, смета вицепремиерот на Русија, Дмитриј Рогозин а пренесува РИА „Новости“.
„Тоа (поништувањето на договорот) ќе ја чини милијарди евра... Французите се многу прагматични. Се сомневам дека тоа ќе се случи. Ние ги имаме сите права да бараме назад не само пари, туку и произведените детали за бродовите во Русија“, изјави Рогозин.
Според неговите зборови, поништувањето на договорот за Русија ќе биде помалку понегативно отколку за Франција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче