Министерот за финансии од Велика Британија потврди дека државата е подготвена да воведе нови санкции против Русија

Велика Британија е подготвена да воведе санкции против Русија и покрај тоа што тие негативно можат да се рефлектираат на британската економија, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на изјавата на шефот на Министерството за финансии, Џорџ Озборн.

Исто така, тој изјави дека никој не треба да се сомнева во решителноста на Британија да ги казни виновните за падот на Боингот во Украина.

„Сите санкции ќе имаат економски последици, и ние сме подготвени да преземеме понатамошни чекори“, изјави Озборн.

Претходно беше соопштено дека Велика Британија на 22 јули, за време на средбата со министрите за надворешни работи на ЕУ, ќе повика за воведување на дополнителни санкции против Русија поради ситуацијата во Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња