Генералштабот на Русија објави податоци за соборувањето на Боингот 777

Генералштабот на руските Вооружени сили изнесе податоци за соборувањето на Боингот 777 на истокот во Украина, пренесува РИА „Новости“. Претставниците на Генералштабот изјавија дека причините нема да бидат познати откако се дешифрираат „црните кутии“ на авионот.

Генералштабот на руските Вооружени сили изнесе податоци за соборувањето на Боингот 777 на истокот во Украина, пренесува РИА „Новости“. Претставниците на Генералштабот изјавија дека причините нема да бидат познати откако се дешифрираат „црните кутии“ на авионот.

Шефот на главната оперативна управа на Генералштабот, Андреј Картаполов во јавноста ја претстави картата на летот на малезискиот Боинг. Тој, меѓу друго, тврди дека за време на летот на Донбас авионот за 14 километри отстапил од курсот, после што се обидел да се врати на курсот и исчезнал од радарите.

„Не шемата може да се погледне маршрутата на авионот, како и претпоставената точка на која авионот е соборен. Тие се наоѓаат во зоната на дејство на противавионските системи „Бук“ на силите на Украина“, изјави рускиот генерал.

Андреј Картаполов изјави дека снимките кои веќе ги објави украинската страна и кои го прикажуваат транспортот на противавионскиот систем „Бук“ од Украина во Русија претставуваат обид за манипулација.

„Очигледно е дека се работи за фалсификат. Снимките се направени во градот Краноармејск, а тоа го потврдува рекламната табла покрај патот, на која е наведено дека автосалонот се наоѓа на улица Днепропетровскаја  бр. 34“. Тој додаде дека Красноармејск од 11 мај се наоѓа под контрола на украинската војска. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња