Во последниве три години Русите преминаа од алкохол и цигари на слатка и мрсна храна, пренесува РИА „Новости“, објавувајќи го истражувањето за состојбата на диетата на населението во Русија.
Експертите во Росстат анкетирале 45.000 домаќинства од сите руски региони и добиле информации за диетата на 103.000 Руси. Резултатите покажале дека 52% од семејствата немаат недостаток од храна – можат да си дозволат сѐ што ќе посакаат. 5% одговориле дека понекогаш или често им недостасува храна.
73% од семејствата одговориле дека можат да си дозволат месо од риба или птица преку еден ден, 71% се во состојба да си дозволат овошје. „Како што растат приходите на населението, во последниве години се зголемува и потрошувачката на продукти кои не можат да се сместат во категоријата ‘здрава храна’“, изјави заменикот шеф на Росстат, Константин Лајкам.
Според него, потрошувачката на алкохол и цигари во последниве две години забележително е намалена. Алкохол секој ден користат две третини од машкото население во Русија постаро од 14 години. Секојдневно пушат 40% од мажите, а понекогаш – 10%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче