Турција ѝ предложи на Русија користење на националните валути во трговијата

Турција ѝ предложи на Русија да ги користат националните валути во меѓусебната трговија, соопштено е на интернет-страницата на Министерството за економија на Русија.

Турција ѝ предложи на Русија да ги користат националните валути во меѓусебната трговија, соопштено е на интернет-страницата на Министерството за економија на Русија.

Министерот за економија на Русија, Алексеј Уљукаев во Сиднеј се сретна со министерот за економија на Турција, Нихат Зејбекчи.

„Како една од мерките за стимулирање на трговско-економските врски меѓу Русија и Турција, турската страна предлага да се започне со користење на националните валути во меѓусебната трговија“, се кажува во соопштението.

Во 2013 година трговијата меѓу двете држави изнесувала 32,7 милијарди долари. Русија е на второто место (после државите на ЕУ) меѓу трговските партнери на Турција, а Турција е на осмото место меѓу трговските партнери на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња