Русија планира да го постави прашањето за американските санкции во СТО

Русија планира да го постави прашањето за санкциите на САД во Светската трговска организација, изјави министерот за економски развој на Русија, Алексеј Уљукаев во Сиднеј.

Русија планира да го постави прашањето за санкциите на САД во Светската трговска организација, изјави министерот за економски развој на Русија, Алексеј Уљукаев во Сиднеј.

Уљукаев изјави дека во моментов не може да каже колкави ќе бидат последиците од санкциите врз руското стопанство. „Можеби негативниот ефект нема да биде толку голем, но важно е тоа дека американските партнери преминуваат одредена граница, и тоа не може да не биде забележано“.

Во такви услови важно е да се создаде квалитетна клима за инвеститорите, за да можат тие дури и во услови на санкции да работат успешно. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња