Падот на малезискиот Боинг може да стане причина за воведување нови санкции на ЕУ против Русија, пишува The New York Times. Како што пишува весникот, таквото сценарио не е исклучено доколку се покаже дека виновни за катастрофата се припадниците на самоодбраната.
„Прашањето е – дали оваа несреќа ќе предизвика дополнителни санкции против Русија доколку Обама донесе такво решение? И дали Европејците конечно ќе решат да дејствуваат“, пренесува весникот.
Притоа, европските чиновници покажаа воздржаност во своите први коментари околу тоа што се случи, пишува весникот. Повеќето загинати се Европејци и таквите факти можат да влијаат на дејствата на европските влади, се кажува во статијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.