Трговската размена меѓу ЕУ и Русија значително е намалена во мај, извозот на европска стока падна за 13%, а увозот од Русија за 9%. Меѓутоа, трговијата на ЕУ со другите земји во светот порасна во мај од 14,6 милијарди евра на 15,4 милијарди евра.
Падот на европскиот извоз во Русија е поврзан поради наглото забавување на растот на руската економија. Падот започна уште пред воведувањето на санкциите.
Намалувањето на увозот на руска стока се објаснува со тоа што зимата беше необично топла. Поради тоа побарувачката за природен гас и други енергенси е намалена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче