Премиерот на Австралија бара од Русија објаснување после падот на Боингот

Премиерот на Австралија, Тони Ебот, изјави дека Русија ќе сноси одговорност во случај да се докаже дека малезискиот Боинг е соборен од руска ракета испорачана на самоодбраната во Украина, пренесува „Интерфакс“.

Премиерот на Австралија, Тони Ебот, изјави дека Русија ќе сноси одговорност во случај да се докаже дека малезискиот Боинг е соборен од руска ракета испорачана на самоодбраната во Украина, пренесува „Интерфакс“.

Оваа изјава Ебот ја направи за време на заседанието на советот за безбедност на Австралија, пишува весникот The Guardian.

Се забележува дека Австралија планира да го повика рускиот амбасадор за да добие ветување од Русија дека земјата ќе соработува во расветлувањето на причините за катастрофата.

Како што изјави Ебот, авионот може да е соборен од ракета која самоодбраната на Донецката народна република ја добила од руска страна.

„Не сакаме да ја влошуваме ситуацијата, но сега речиси со сигурност може да се каже дека авионот е соборен од противвоздушна ракета која е испорачана од Русија“, пренесува РИА „Новости“, цитирајќи го Ебот.

На 17 јули се сруши малезиски Боинг 777, и како резултат на тоа загинаа 298 лица. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња