Москва ги смета за неприфатливи изјавите на австралискиот премиер, Тони Ебот, кој неосновано тврди дека виновни за падот на малезискиот авион се „припадниците на самоодбраната кои ги поддржува Русија“ и „руската страна“, изјави Александар Лукашевич, официјален претставник на МНР на Русија.
Тој нагласи дека премиерот, без да прикаже докази, оперира со шпекулации уште пред почетокот на истрагата.
Лукашевич му советуваше на Ебот барањата за соработка во истрагата да не ги упатува кон Руската федерација, туку кон украинските власти, кои ја сносат одговорноста за тоа што се случува на територијата на таа земја.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче