Сечин: Санкциите против Роснефт се противзаконски

Претседателот на компанијата Роснефт, Игор Сечин, изјави дека воведените американски санкции против компанијата се неосновани, субјективни и противзаконски.

Претседателот на компанијата Роснефт, Игор Сечин, изјави дека воведените американски санкции против компанијата се неосновани, субјективни и противзаконски.

„Оваа одлука е на штета на американските акционери во компанијата кои се регистрирани во САД, како и на американските банки кои соработуваат со Русија“, изјави Сечин.

Тој нагласи дека санкциите нема да влијаат на работата која се одвива на наоѓалиштата на нафта во Карското море во која учествува и Exxon Mobil.

Санкциите се обид на САД да предизвикаат економска штета на обичните руски граѓани и суверената политика на Русија, додаде Сечин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња