Заради симулирање на лет на Месечината доброволци од Русија ќе лежат 21 ден

Заради симулирање на лет кон Месечината, во Русија 12 доброволци ќе лежат 21 ден, пренесува ИТАР-ТАСС.

Заради симулирање на лет кон Месечината, во Русија 12 доброволци ќе лежат 21 ден, пренесува ИТАР-ТАСС.

Според информацијата на агенцијата, експериментот ќе биде спроведен во научно-истражувачкиот институт за вселенска медицина.

Се пренесува дека експериментот ќе се одржи заради создавање модел на физиолошките ефекти врз човекот во услови на ниска гравитација. После одржувањето на експериментот, на научниците ќе им стане јасно како организмот на човекот ќе реагира на условите на Месечината, во кои руските космонаути ќе треба да живеат.

Истовремено соопштено е дека Русија планира да изврши лет на Месечината со екипаж во 2030-2031 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија