Западни медиуми: Русија ја чекаат четири бурни години и подготовки за СП 2018

Русија ја чекаат четири бурни години пред одржувањето на Светското фудбалско првенство во 2018 година, пишува The Guardian. Државата треба да изгради две третини од стадионите кои се потребни за одржување на првенството, како и да ги реши инфраструктурните проблеми, се кажува во статијата.

„Во 2018 година Меси ќе има 31 година, Руни 32 години, а Владимир Путин, судејќи по сѐ, ќе го гледа Светското првенство после изборот за уште еден мандат на шест години“, пишува весникот, обраќајќи внимание на тоа дека СП 2018 ќе започне еден месец после одржувањето на претседателските избори во Русија.

Весникот смета дека најсериозен проблем за организаторите е логистиката: рускиот железнички систем е величествен, но патувањето, на пример, од Москва во Екатеринбург, трае 24 часа. Патувањето со авиони низ Русија не се веќе страшни, благодарејќи на современите авиони и подобрениот сервис. Сепак, за навивачите тоа ќе биде „логистички и финансиски предизвик“, се кажува во статијата.

„Русите знаат како да организираат забава, и таа нема да биде, иако стереотипот кажува поинаку, студена“, забележува весникот.

The Telegraph пишува дека следните домаќини, Русија и Катар, имаат тешка задача - надминување на нивото на бразилското првенство. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња