Според новата анкета спроведена во САД, Американците сметаат дека Русија е најголемата идна опасност за САД, пишува The Washington Post. 23% од учесниците во анкетата на Pew Research Center изјавија дека најголема опасност за САД е имено Русија.
На второто место се најде Кина со 19% од гласовите. На третото место е Иран со 16%.
Во списокот влегоа и Северна Кореја (7%) и Пакистан (6%).
Како што забележува весникот, во 2012 година познатиот американски политичар Мит Ромни, ја нарече Русија „главен геополитички противник на САД“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.