Во декември годинава во Москва, недалеку од зградата на Министерството за одбрана на Русија ќе биде поставен споменик во чест на руските војници во Првата светска војна, соопштува „Интерфакс“, повикувајќи се на изјавата на заменикот министер за одбрана, Николај Панков.
„Од страна на воените уметници е создадена прекрасна скулптурна композиција посветена на храброста на руските војници во Првата светска војна. Планираме овој комплекс споменици да го отвориме во декември годинава“, изјави Панков.
Во Русија практично нема споменици посветени на Првата светска војна. Русија излезе од војната пред истата да заврши.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче