Европската комисија не ја менува позицијата за Јужен тек

Европската комисија не ја менува својата цврста позиција околу Јужен тек и инсистира на паузирање на проектот.

Европската комисија не ја менува својата цврста позиција околу Јужен тек и инсистира на паузирање на проектот, за што е подготвена да поведе постапка против земјите кои учествуваат во проектот, изјави за новинарите директорот на Европската комисија за енергетика, Доминик Ристори.

Европската комисија смета дека проектот Јужен тек, кој е насочен кон диверзификација на маршрутата за извоз на рускиот гас во Европа, не одговара на нормите на третиот енергетски пакет. Русија одговори со поведување постапка пред СТО околу примената на нормите на енергетскиот проект, кој им забранува на компаниите произведувачи на гас да бидат сопственици на гасоводи во ЕУ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња