Претседателот на Русија, Владимир Путин, замина во Латинска Америка за да ја покаже политичката и економската сила на Москва, се кажува во статија на The Guardian.
Според мислењето на авторот, рускиот лидер се стреми да докаже дека Русија е светска, а не регионална држава (како што неодамна ја нарече претседателот на САД, Барак Обама).
Постои уште една цел за патувањето - да се покаже дека временото исклучување на Русија од Г-8 ја мотивира Русија потесно да соработува со своите незападни партнери, се забележува во материјалот. Освен тоа, Путин сака да покаже дека Москва ги заштитува не само своите интереси во односите со САД, туку е подготвена да им помогне и на другите држави, вклучително и Куба (за решавање на проблемот со американското ембарго) и Аргентина (во спорот околу Фолкландските острови со Британија), смета авторот на статијата.
Патувањето на Путин имаше и економски причини, пишува во материјалот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче