Русија и Бразил сакаат да ја променат состојбата на нивниот трговски баланс, кој во последно време бележи намалување. Ова го изјави претседателот на Русија, Владимир Путин после преговорите во главниот град на Бразил со претседателката на земјата, Дилма Русеф.
Тој забележа дека и покрај растот на добрите односи меѓу двете земји, трговската размена меѓу нив е намалена. Во 2013 година тоа намалување изнесува 3,2 проценти, забележа Путин, а пренесува телевизискиот канал „Русија 24“. Токму сега е добро време за да се состанеме и да поразговараме за проблемите со кои се соочуваме, изјави тој.
Претседателката на Бразил смета дека Русија треба да го зголеми своето присуство во нафтениот сектор на државата. „Руските компании треба да го зголемат своето присуство во Бразил во нафтената област и изградбата на железнички пруги“, изјави Русеф.
Русеф исто така изрази задоволство од решението за инсталирање на навигацискиот систем ГЛОНАСС на територијата на Бразил. „Се надевам дека нашите држави и во иднина ќе ги зацврстуваат односите во областа на енергетиката, воената сфера и во областа на научно-техничката соработка“, изјави таа.
„RN Brazil“ (ќерка-компанија на „Роснефт“) и бразилската корпорација Petroleo Brasileiro SA потпишаа меморандум за развивање на односите во рамките на гасниот проект „Солимојн“. Меморандумот е потпишан од претседателите на „Роснефт“, Игор Сечин и директорот на одделот за гас и енергетика на Petrobas, Хозе Алсидес Санторо.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче