Министерството за одбрана на Русија покани 18 акредитирани воени аташеа во Москва од различни држави да ја посетат границата со Украина во Ростовската област и самите да се уверат за состојбата на лице место.
„Во Министерството за одбрана донесено е решение да се запознаат странските воени специјалисти со вистинската состојба кај населеното место Донецк во Ростовската област, каде после нападот од украинска страна настрадаа луѓе и инфраструктура. Поради тоа, поканети се аташеата од 18 држави (САД, Германија, Франција, Холандија, Белгија, Украина, Кина, Јапонија и други) на 15 јули да го посетат овој реон“, изјави заменикот министер за одбрана, Анатолиј Антонов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.