Русија планира лет на Месечината со екипаж во 2030-2031 година, изјави заменикот директор на Роскосмос, Александар Иванов.
Според неговите зборови, руската Федерална вселенска програма за периодот од 2016 до 225 година во моментов се усогласува.
Зборувајќи за тоа кога на Земјиниот сателит може да се појават првите населби, Иванов изјави дека тоа е многу потешко прашање, бидејќи бара посебно разгледување.
Претходно беше соопштено дека Русија до 2030 година планира да ја организира првата експедиција на космонаути на Месечината со цел да се направи полигон и база за производство на руда.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче