Претседателот на Русија, Владимир Путин разговараше со претседателот на Јужноафриканската република, Џејкоб Зума околу прашањата од заеднички интерес, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.
На почетокот на разговорот Путин му ја честиташе победата на изборите на Зума.
„Сега е вистинско време да се потсетиме на заедничките проекти“, подвлече Путин.
„И покрај внатрешнополитичките случувања, успеавме да ја зачуваме позитивната динамика во надворешната трговија“, додаде претседателот.
Според неговите зборови, минатата година обемот на трговска размена пораснал за 11%.
Претседателот на ЈАР се согласи со предлогот на рускиот колега да ги разгледаат прашањата за реализација на заедничките проекти, додавајќи дека двете држави ги поврзуваат долгите години добри односи меѓу нив.
„Секогаш може да сметаме на поддршката на Русија, и Русија може да смета на нас“, изјави Зума.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче