Претседателот на Русија, Владимир Путин во интервју за руските новинари изјави дека Москва не планира создавање на воено-политички сојуз врз основа на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, ЈАР).
„Нема сомнежи дека земјите на БРИКС се настроени на јакнење на политичката соработка. Поради тоа ќе ги прошириме заедничките консултации, заедничките акции во меѓународните организации, и тоа најмногу во ООН“, изјави рускиот лидер.
Путин истовремено предложи на БРИКС создавање на заеднички механизам за консултации меѓу министерствата за надворешни работи, со цел да се помогне политичко-дипломатското решавање на различни регионални конфликти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче