Европската унија не планира да го плаќа украинскиот долг за рускиот гас

Европската унија не ја разгледува можноста за плаќање на долгот на Украина за рускиот гас, изјави за новинарите директорот на Европската комисија за енергетика, Доминик Ристори.

Европската унија не ја разгледува можноста за плаќање на долгот на Украина за рускиот гас, изјави за новинарите директорот на Европската комисија за енергетика, Доминик Ристори.

Долгот на украинскиот Нефтогас кон Гаспром достигна 5,3 милијарди долари, вклучувајќи ги и испораките до 16 јуни, кога земјата премина на авансно плаќање. Сега во украинскиот гасовод пристигнуваат само транзитните количини гас наменети за Европа.

Одговарајќи на прашањето дали Европа ја разгледува можноста за плаќање на долгот на Украина, Ристори одмавна со главата и рече: „Ние пруживме економска помош. Ние сме во постојан контакт со ММФ за да се реформира украинскиот енергетски пазар“.

Европската унија годинава веќе исплати 600 милиони евра макрофинансиска помош за Украина од вкупната ветена сума од 41,6 милијарди евра, и вети дека остатокот ќе биде уплатен до крајот на годината. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња