Вицепремиерот на Русија, Дмитриј Рогозин, ѝ препорача на руската делегација на авиоизложбата во Фарнборо да се врати дома.
„Ѝ препорачува на нашата делегација да го прекине престојот на изложбата и да се врати дома“, напиша Рогозин на својот Твитер.
Претходно беше соопштено дека Велика Британија го откажала издавањето на визите за најголемиот дел од руската делегација која требаше да присуствува на „Фарнборо Интернешенл 2014“ поради случувањата во Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче