Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин му наложи на директорот на Истражниот комитет, Александар Бастиркин да покрене кривична постапка заради трагедијата во московското метро.
Портпаролот на шефот на државата, Дмитриј Песков, изјави дека Путин по телефон се слушнал со министерот за вонредни состојби, Владимир Пучков, министерот за внатрешни работи, Владимир Колокољцев и министерот за здравство, Вероника Скворцова, кои му соопштиле на претседателот за акциите на нивните министерства околу трагедијата во московското метро.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче