Бројот на загинати како резултат на несреќа на една од линиите во московското метро достигна десет, пренесува РИА „Новости“.
Според последните податоци, настрадале 120 лица, хоспитализирани се 106, а на педесетмина се во тешка состојба.
Како што извести градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, роднините на загинатите ќе добијат по 1 милион рубљи, а настраданите по 500.000 рубљи.
Несреќата се случила меѓу станиците „Молодјожнаја“ и „Славјанскиј буљвар“.
Причина за несреќата е наглото зголемување на напонот во електричната мрежа и случајното лажно вклучување на сигнализацијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче