Русија повторно ги трупа своите војници на границата со Украина, и во моментов таму се наоѓаат од 10.000 до 12.000 војници во пограничните региони, изјави офицер на НАТО за Ројтерс.
„Според нашите податоци, во пограничните региони има од 10-20.000 војници. Во последнава недела се забележува зголемена активност на ВС на РУсија во регионот“, изјави тој.
Претходно портпаролот на Советот за национална безбедност на Украина, Андреј Лисенко, изјави дека Русија ги трупа своите сили на границата со Украина, и на тој начин им дава заштита на припадниците на самоодбраната во Украина кои се обидуваат да проникнат подлабоко во државата со помош на оклопна техника.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче