Зближувањето на Русија и Кина, без разлика на степенот и формата, ќе го забрза „залезот“ на Соединетите Американски Држави ќе го приближи создавањето на мултиполарен свет, пишува американскиот политиколог, Питер Харис во статија за The Diplomat. Харис ги споредува САД со Британската империја, која кон крајот на 19 век се соочи со слични стратешки тешкотии.
Француско-рускиот сојуз од 1892 година ги разруши геополитичките планови на Велика Британија: нејзината доминација во Средоземното море беше доведена под знак прашалник, а во опасност се најде и балансот на силите во Европа, направен после победата на Берлин во франко-пруската војна. За да се одржи тој баланс во Средоземното море и истовремено да се зачува Индија, Лондон мораше да се потпре на Јапонија и нејзината моќна флота. И покрај на тоа што „стратешкото слепило“ на Британија брзо помина, а разните несогласувања меѓу Франција и Русија беа регулирана, изолацијата стана дел од историјата, пишува Харис.
Лондон повеќе не беше во состојба самостојно, без помош од сојузник, да ги зачува своите интереси на светската сцена.
Зближувањето на Русија и Кина, според мислењето на политикологот, може на ист начин да влијае на стратешките планови на САД. Денес Вашингтон на ист начин ризикува да ја изгуби надмоќта на морињата, посебно во Јужното кинеско море, каде кинеската и руската флота во иднина можат да бидат конкуренција на американската. Освен тоа, САД ќе мораат да се подготват за кризна ситуација на неколку фронтови и за балансирање меѓу Источното и Јужното кинеско море, централна Азија, Блискиот Исток и Источна Европа.
Доколку се појави таква ситуација, Вашингтон ќе се обиде да го спречи сојузот меѓу Пекинг и Москва, користејќи ги сите дипломатски алатки –преку наоѓање сојузник во Азија (Јапонија, Индија или Австралија).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче