Претседателот на Русија, Владимир Путин и канцеларката на Германија, Ангела Меркел разговараа во Рио де Жанеиро за ситуацијата во Украина и се сложија дека постои тенденција на влошување на истата, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
Путин изрази загриженост поради нападот на вооружените сили на Украина и нагласи дека е неприфатливо гранати да паѓаат на територијата на Русија.
Лидерите на двете земји се заложија што побрзо да се обнови работата на контакт групата за Украина, макар и преку видеоконференција.
На состанокот не биле разгледувани прашањата околу гасот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче