Лондон призна дека не дозволува Русија да учествува на меѓународниот воздухопловен салон во Фаренборо, кој започнува на 14 јули, поради политички причини, односно, поради ставот на Москва околу украинското прашање, изјави официјален претставник на британското министерство за надворешни работи. Без визи остана техничкиот персонал, кој треба да води сметка за пристигнатите експонати.
Меѓународниот воздухопловен салон во Фаренборо е еден од најголемите од тој вид во светот. Во рамките на салонот водечките произведувачи ги претставуваат најновите достигнувања и склучуваат договори за испораки на авиони и хеликоптери. Вредноста на договорите најчесто изнесува неколку десетици милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче