Конструкторите на „Ангара“ ќе бидат наградени

Вицепремиерот на владата на Русија, Дмитриј Рогозин изјави дека ќе се заложи да бидат наградени конструкторите и сите кои ја создаваа ракетата носач „Ангара“, пренесува ИТАР-ТАСС.

Вицепремиерот на владата на Русија, Дмитриј Рогозин изјави дека ќе се заложи да бидат наградени конструкторите и сите кои ја создаваа ракетата носач „Ангара“, пренесува ИТАР-ТАСС.

„За нас е вонредно важно денес морално да се поддржат сите кои го вложија својот интелект во создавањето на ракетата. Ќе бараме да се наградат сите специјалисти, конструктори, инженери кои учествуваа во проектот“, изјави Рогозин.

Исто така, тој обрати внимание на тоа дека „Ангара“ е важен проект не само од технолошка гледна точка, туку и како проект кој може да се најде на пазарот на вселенски услуги со нови, конкурентски предности. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња