Русија воведува контрола врз месото кое доаѓа преку ЕУ

Руските институции за контрола на квалитетот воведоа дополнителни услови за увоз на месо во Русија кое доаѓа преку територијата на ЕУ, пренесува „Газета.ру“.

Руските институции за контрола на квалитетот воведоа дополнителни услови за увоз на месо во Русија кое доаѓа преку територијата на ЕУ, пренесува „Газета.ру“.

Отсега месото кое ќе доаѓа во Русија треба да се транспортира во посебни контејнери кои се пломбирани во државата од каде доаѓа истото, а пломбата не треба да се отвора до пристигнувањето во Русија. Освен тоа, товарот треба да дојде во Русија со оригинален ветеринарски сертификатот од државата од каде се праќа месото.

Мерката се презема за да не се допушти доаѓање во Русија на месо кое не одговара на барањата за безбедност и квалитет на производите од животни. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња