Претседателот на Аргентина ќе организира свечена вечера во чест на посетата на Путин

Претседателот на Аргентина, Кристина Фернандез-де-Киршнер, реши да организира свечена вечера во чест на посетата на претседателот на Русија во државата, и покани неколку лидери од Јужна Америка да присуствуваат на истата, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на аргентинското МНР.

„Претседателите на Боливија, Уругвај и Венецуела ќе дојдат на вечерата по покана на Аргентинската Република, која во сабота ќе ја организира Кристина Фернандез-де-Киршнер во чест на посетата на претседателот на Русија, Владимир Путин во рамките на неговата официјална посета во државата“, појаснија во МНР.

Претходно беше соопштено дека Путин ја измени својата маршрута, вклучувајќи ја и Никарагва во листата на земји кои ќе ги посети во Јужна Америка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња