На ВДНХ ќе се појави најголемата макета на Москва во светот

Во Москва, во еден од павилјоните на Изложбата на достигнувањата на националната економија (ВДНХ), во 2017 година ќе се појави точна копија на руската престолнина. Макетата ќе има површина од речиси 1.000 квадратни метри и ќе биде најголема во светот со размер од 1:400.

Моделот ќе биде максимално близок до реалноста. Во создавањето ќе се користат аерофотографии кои ќе бидат префрлени на 3D печатач. Потоа експерти ќе ги обработат за да се добие неопходната точност на архитектонскиот облик.

Ќе може дури да се видат и деталите на Бољшој театарот, да се прошета по Црвениот плоштад, да се ужива во убавините на Црквата Василиј Блажен, да се помине покрај Историскиот музеј. Посетителите ќе може да се прошетаат и во новите делови на Москва, како и да ги оценат иновациите на младите архитекти. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња