На истокот на Украина прекинато е емитувањето на руските ТВ канали

Националниот радиодифузен совет на Украина објави информација за исклучување на руските ТВ канали во градовите кои се под контрола на украинските вооружени сили, известува порталот vz.ru.

Националниот радиодифузен совет на Украина објави информација за исклучување на руските ТВ канали во градовите кои се под контрола на украинските вооружени сили, известува порталот vz.ru.

„Артјомовск, Константиновка, Краматорск, Димитрово, Друшковка – тоа е списокот на градови во кои денес успеавме да го прекинеме емитувањето на ТВ каналите“, изјави член на Советот, Александар Илјашенко.

„Руските канали сега се исклучени во Краматорск, Славјанск, Мариополе, на југот на Одеската област“, додаде Илјашенко.

Александар Илјашенко истакна дека во оние градови каде влегува украинската војска, во рок од еден ден прекинува емитувањето на руските канали. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња