Владимир Путин потпиша закон, според кој се отпишуваат 90% од надворешниот долг на Куба, создаден во времето на СССР, изјави прес-службата на Кремљ во петокот.
Законот за отпишување на долгот на Куба пред Руската Федерација беше донесен на 4 јули, а на 9 јули беше одобрен од Советот на Федерацијата.
Вкупниот долг на Куба пред Русија изнесува околу 35,2 милијарди долари, од кои половина се насобрани камати.
Околу 10% од долгот (3,5 милијарди долари) ќе бидат потрошени на заеднички инвестициски проекти.
Трговската размена меѓу двете држави во 2013 година изнесувала 185,1 милиони долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.