Министерството за финансии ги оцени загубите од идните санкции на Западот

Министерството за финансии на Русија изјави дека засилените санкции кон одделни субјекти и гранки од руската економија, финансиската инфраструктура – негативно ќе влијаат на динамиката на растот на БДП.

Министерството за финансии на Русија изјави дека засилените санкции кон одделни субјекти и гранки од руската економија, финансиската инфраструктура – негативно ќе влијаат на динамиката на растот на БДП. Ова се кажува на интернет-страницата на Министерството за финансии на Русија во извештајот за основните правци на буџетската политика од 2015 до 2017 година.

Според мислењето на Министерството за финансии, ескалацијата на ситуацијата во Украина може да го намали растот на руската економија за 0,2 до 0,3% во 2014 година.

Меѓутоа, на краткорочна и среднорочна перспектива Русија има доволно резерви за компензирање на можните економски загуби.

На долгорочна перспектива санкциите можат значително да влијаат врз буџетската стабилност, како и врз влошувањето на условите и можностите за модернизирање со помош на увозна технологија, инвестиции и сл.

При составувањето на прогнозата Министерството за финансии употреби сценарио кое предвидува релативно стабилни услови без широки економски санкции кон Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња