Медиуми: Латиноамериканската турнеја на Путин го вознемирува Вашингтон

Претседателот на Русија, Владимир Путин пристигна во официјална посета на Куба. Главните точки во програмата на претседателското патување се разговорот со лидерот на кубанската револуција, Фидел Кастро, како и преговорите со претседателот на Државниот совет и Советот на министри на Куба, Раул Кастро.

Претседателот на Русија, Владимир Путин пристигна во официјална посета на Куба. Главните точки во програмата на претседателското патување се разговорот со лидерот на кубанската револуција, Фидел Кастро, како и преговорите со претседателот на Државниот совет и Советот на министри на Куба, Раул Кастро.

После преговорите се очекува потпишување на пакет документи. Патувањето на Путин на Куба е важно за зацврстување не само на руско-кубанските односи, туку и за врските на Русија со Латинска Америка. El Pais пишува дека постепеното влегување на Москва во сферата на влијание на САД се совпаѓа со мешањето на Вашингтон во кризата во Украина. Лидерите на Русија и Куба планираат да ја зацврстат економската и стратешката соработка, а тоа, без сомневање, ќе предизвика нервоза кај САД, пишува шпанскиот весник.

Руско-кубанските односи во 2005 година беа во упадок, а сега соработката се развива и опфаќа голем број на сфери, вклучувајќи ја и воената. Како што пишува весникот, страните склучија договор за сервисирање на руските воени бродови во Хавана. Неодамна во кубанското пристаниште пристигна извидувачкиот брод „Виктор Леонов“, пишува авторот на статијата.

„Од моментот кога е основна годишниот Форум во Сао Паоло, Куба воспостави врски со левичарските сили кои денес се на кормилото на земјите во Латинска Америка и кои се економски привлечни за Русија. Владимир Путин тоа добро го знае“, пишува El Pais, додавајќи дека геополитичката активност на Путин ја зголемува „будноста и внимателноста“ на Вашингтон.

Посетата на Владимир Путин, исто така, се совпаѓа со украинската криза, која е „жесток судир на послевоените блокови за влијание во Украина, подгревани од САД и нивните европски сојузници“, пишува шпанскиот весник.

Изгледа дека мешањето на Вашингтон во кризата во Украина се совпаѓа со постепеното влегување на Москва во сферата на влијание на САД, односно во Латинска Америка. За време на посетата на Куба, Владимир Путин отпиша 90% од кубанскиот долг. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња