Ерменија може да стане член на Царинската унија во 2014 година

Ерменија може да влезе во составот на Царинската унија во текот на оваа година, изјави министерот за трговија на Евроазиската економска комисија, Андреј Слепнев, а пренесува „Интерфакс“.

Ерменија може да влезе во составот на Царинската унија во текот на оваа година, изјави министерот за трговија на Евроазиската економска комисија, Андреј Слепнев, а пренесува „Интерфакс“.

„Подготвени сме и практично не останаа никакви пречки за потпишување на договорот за приклучување“, изјави Слепнев.

Според зборовите на министерот, веќе се подготвени сите детали за пристапот на Ерменија. Според зборовите на Слепнев, Ерменија територијално е изолирана од Царинската унија, и затоа треба да се создадат варијанти за контрола на потоците на стоки. За Ерменија треба да се воведе преоден период, кога ќе може да се изврши регулирање и приклучување кон Царинската унија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња